Објавен новиот апостолски поттик на Папата

Објавен новиот апостолски поттик на Папата

На 9 април 2018 година во Ватикан е претставен апостолскиот поттик на Папата „Gaudete et exsultate – Радувајте се и воскликнете.“ Документот е поделен во пет глави во кои Светиот Отец размислува за повикот на светост и како да се одговори на него во современиот свет.

Папата Фрањо објаснува дека светец се станува живеејќи во согласност со блаженствата, по тој возвишен пат, одејќи против струјата на светот. Сите се повикани на светост затоа што Црквата отсекогаш поучувала дека станува збор за општ повик кој може да го оствари секој, како што сведочат голем број светци „од соседството.“ Светиот живот тесно е поврзан со животот на милосрдието, клучот за небото. Според тоа светец е оној кој знае да биде допрен и да се придвижи за да им помога на оние во неволја и да ја лекува жедта. Светец е оној кој меѓу останатото во забрзаниот и агресивен свет е способен да живее радосно и со смисла за хумор.

Не е „трактат“, туку повик

Светиот Отец во воведот на поттикот напоменува дека овој документ не е трактат за светоста со голем број дефиниции и дистинкции, туку начин за повторно да се предложи повикот на светост со сите негови ризици, предизвици и прилики. Во првата глава папата Фрањо размислува за повикот на светост уверувајќи дека патот на совршенството постои за секого и дека нема смисла да се обесхрабруваме размислувајќи за моделите на светоста кои изгледаат недостижни или да настојуваме да имитираме нешто што Бог не го имал на ум за нас. Светците кои веќе се во Божјото присуство, нè охрабруваат и придружуваат – потврди Папата. А светоста на која Бог нè повикува, расте преку малите секојдневни гестови, толку често посведочени од страна на оние кои ни се близу, т.н. „среден слој на светост.“

Гностицизмот како само прослава на интелектот без Бог и без телото

Во втората глава Светиот Отец ги критикува двата суптилни непријатели на светоста: гностицизмот и пелагијанизмот. Станува збор за два стари ереси од ранохристијанското време, кои се сепак аларматно актуелни. Гностицзмот е само прослава на интелектот без Бог и без телото. Станува збор за празна површност, студена логика која насочува на припитомување на таинството за Бог и неговите благодати доаѓајќи до точка каде се дава предност на Бог без Христос, Христос без Црквата, Црквата без народот.

Неопелагијанизмот: Обожавање на волјата

Според Светиот Отец неопелагијанизмот е вториот ерес кој произлегува од гностицизмот. Предмет на обожавање овде повеќе не е човечкиот интелект, туку личниот напор, волјата без понизноста која се чувствува помоќно над другите затоа што следи одредени норми или затоа што е верна на одреден католички стил. Опсесија со законот или претераната грижа за литургијата, науката или престижот на Црквата за Папата, меѓу останатото некои типични карактеристики за христијаните со кои искушува таа ерес во враќање. Од друга страна папата Фрањо потсетува дека секогаш божествената милост е таа која ја надминува способноста на човечкиот ум и волјата. Понекогаш несвесно Евангелието го правиме посложено и стануваме робови на сопствените шеми – предупреди папата Фрањо.

Блаженствата – патот кон светоста

Над сите теоријата за тоа што е светоста се наоѓа во блаженствата. Папата ги поставува во центарот на третата глава, потврдувајќи дека со тој говор Исус со својата едноставност објаснил што значи да се биде свет. Папата Фрањо потоа поминува по блаженствата едно по едно: од сиромаштвото по дух, што исто така значи едноставност на животот, до реагирање со понизна кроткост во светот кој е исполнет со кавги и конфликти. Од храброста да дозволиме да сме „прободени“ за доброто на другите и да имаме „сочувство,“ додека световниот човек ги игнорира проблемите, болестите или жалостите околу себе одвраќајќи го погледот; до тоа да гладуваме и да сме жедни за праведноста додека „бандите на корупцијата“ ја делат „тортата на животот.“

Потоа од милосрдното гледање односно до служење на другите и простување до одржување на срцата чисти од сето она што ја онечистува љубовта кон Бог и ближниот. И конечно од „сеење на мир“ и „пријателство во општеството“ кое бара смиреност, креативност, чувствителност и вештина, притоа свесни за тешкотијата која го вклучување градењето на мостови меѓу различни луѓе; до прифаќање на прогони затоа што денес придружувањето до блаженствата може да е исмеано и да се гледа со сомнеж и негативно, но сепак не можеме да очекуваме дека сè околу нас ќе биде лесно и погодно за да го живееме Евангелието.

Милосрдието: Големото правило за христијанско однесување

Светиот Отец смета дека едно од блаженствата, имено „блажени се милостивите“, го содржи големото правило за христијанско однесување кое го опишал Матеј во 25. глава во своето Евангелие кое зборува за „последниот суд“. Тој дел открива дека за да се биде свет не значи да се паѓа во наводен мистичен занес, туку да се живее за Бог по пат на љубовта кон најпоследните. Папата рече дека постојат идеологии кои го изобличуваат Евангелието. Од една страна се христијаните кои немаат однос со Бог, кои христијанството го преобразуваат во некој вид на невладина организација. Од друга страна пак оние кои со сомнеж гледаат на општественото залагање на другите, како тоа да е површно, направено световно, комунистичко или популистички или го „релативитизираат“ во името на етиката.

Папата Фрањо на оваа место повторно потврдува дека заштитата на сите човечки категории на слаби или незаштитени треба да биде јасна, цврста и страсна. И примањето на бегалците и мигрантите кои некои католици – вели Папата – го сметаам за помалку важно од биоетиката, е должност на секој христијанин затоа што во секој странец се наоѓа Христос и не станува збор за измислица на Папата или минлив каприц.

Карактеристики на светоста

Потоа вели дека да се „ужива во животот“ на што нè повикува „хедонистичкиот конзумизам“ е во спротивност со желбата да му дадеме слава на Бог кој нè повикува да се „потрошиме“ за другите правејќи дела на милосрдието. Во четвртата глава папата Фрањо ги наведува неопходните карактеристики за да го разбереме начинот на светиот живот: постојаност, трпливост и кроткост; радост и смисла за хумор, смелост и ревност; патот на светоста како пат кој се живее во заедница и во постојано молитва која доаѓа во контемплацијата, а која не е избегнување на светот, ниту бегство од него.

Христијанскиот живот како борба против злото

Во петтата глава Светиот Отец објаснува дека христијанскиот живот не е само постојана борба против световниот менталитет кој сака да нè залаже, затупи и направи просечни. Христијанскиот живот не може да се сведе ниту на борбата против нашите човечки слабости и на нашите склоности, туку тоа исто така е постојана борба против злото кое не е мит, туку личност битие кое нè мачи. На неговите лукавствата треба будно да се спротивставуваме користејќи ги моќните оружја: молитвата, размислување за Словото Божјо, светите Тајни, делотворната љубов, заедничкиот живот и мисионеркста посветеност.

Важноста на расудувањето

Папата напомена исто така дека е важно расудувањето, посебно во време кое нуди големи можности за делување, опструкции и растресеност: од патувања, преку слободното време, до прекумерното користење на технологијата која понекогаш оневозможува да го слушнеме Божјиот глас. Светиот Отец повикува на посебна грижа за младите кои често се изложени на културата на постојан „zappinga“ или „сурфање“ во виртуелниот свет одалечен од ралноста. Не расудуваме за да откриеме што уште можеме да извлечеме од овој живот, туку тоа го правиме за да препознаеме како можеме подобро да го оствариме посланието кое ни е доверено со крштението – пишува папата Фрањо и завршува: Тоа вклучува подготвеност на жртва, па дури и сè да жртвуваш.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот