Објавен документ на папата Фрањо за брачна постапка

Папата Фрањо на 7 декември потпиша документ – рескрипт за исполнување и почитување на новиот закон за брачна постапка. Стапувањето на сила на папските документи „Моту проприо“: „Mitis Iudex Dominus Iesus“ i „Mitis et Misericors Iesus“, од 15 август оваа година.

Овие документи се објавени со цел, праведноста и милосрдието да се применат врз вистината во врска со оние кои имаат искусено неуспех во бракот, ја наметнува, меѓу другото, и потребата за ускладување на новите процедури за брачните постапки со правилата на Римската Рота, во очекување на нејзината реформа.

На неодамна одржаното заседание на Епископската Синода изразен е силен поттик за Црквата да се сврти кон своите најслаби браќа, обележани со ранета и изгубена љубов (Relatio finalis, n. 55), на кои треба да им се поврати довербата и надежта. Законите-каноните кои сега стапуваат на сила сакаат да ја изразат близината на Црквата токму со ранетите семејства, со желба Христовото оздравувачко дело да стигне до многумина од оние кои ја доживуваат драмата на неуспешниот брак, и тоа преку црковните структури, во желба да тие да станат нови мисионери на Божјото милосрдие кон другите браќа и за доброто на семејната заедница.

Затоа, Светиот Отец со овој документ одредува да горенаведените закони – канони за реформата на брачната постапка се ставаат над или укинуваат било каков спротивен закон или одредба кои досега важеа; во постапката за поништување на бракот пред Римската Рота, ако има двоумење треба да биде решено по старата формула: An constet de matrimonii nullitate, in casu, односно причината за прогласување на невалидност на бракот треба да биде јасно одредена; нема приговор – жалба против судските одлуки кои се однесуваат на одлуки или декрети за прогласување на невалидност на бракот; и пред Римската Рота не е дозволена жалба за нова Causae Propositio, откако една од страните веќе стапила во нов канонски брак, освен во случаите кога јасно се гледа дека постои неправедна одлука.

Светиот Отец, освен тоа, одреди дека деканот на Римската Рота има овластување да разрешува, поради сериозни причини, од судски одредби и постапки; а по барање на патријарсите на Источните Цркви, на територијалните седишта им е вратена надлежноста во судските постапки кои се поврзани со брачните случаи кои се подредени на Римската Рота во жалбениот степен; и на крајот, Папата одреди дека Римската Рота донесува судски одлука за брачните случаи во согласност со евангелска бесплатност, односно ex officio, изземајќи ја моралната должност на имотните верници да дадат прилог за сиромашните.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот