Објавен апостолскиот поттик Concordia Codici

На 15 септември 2016 година е објавен апостолскиот поттик „Concordia Codici“, Motu Proprio на папата Фрањо со кое се менуваат поединечни норми во Кодексот на Канонското право.

Попрецизно за прашањата во односот на Латинските цркви и Источните цркви во заедништво со Католичката црква се воведуваат новости околу светите Тајни Крштение и Брак. Истовремено е објавен т.н. „автентичен одговор“ за пречките за ракополагање.

Со зголемување на мобилноста на територијата на латинските цркви се зголемува и бројот на источните верници припадници на Источните цркво sui iuris со сопствено право. Затоа е потребно да се усогласат нормите на Законикот на Канонското право со Законикот на Канонското право на Источните цркви, пишува папата Фрањо. На претежно Латинскиот запад потребно е да се пронајде, истакнува Папата, „исправна рамнотежа помеѓу правата на источните малцинства и почитување на историската канонска традиција на латинското мнозинство,“ за да се избегнат конфликти и несоодветно мешање“ со цел промовирање на плодна соработка меѓу сите католички заедници.

Во поглед на Крштението се потврдува критериумот за припаѓање на детето на Црквата со сопственото право (лат. sui iuris) на родителите католици и се воведува обврска за евиденција на Црквата на припадност во парохискиот регистар за Крштение. Доколку доаѓа до премин во друга Црква sui iuris, освен во исклучителни случаи, потребно е да се направи формален чин за премин пред одговорниот авторитет, а конкретната промена мора да се забележи во книгата на крстените.

Кај светата Тајна Брак се објаснува дека „само свештеник“ валидно го води обредот на венчание помеѓу припадник на Источните и Латинските цркви или пак помеѓу источен католик или не-католик. Законикот на Канонското право на Латинската црква дозволува склопување на светата Тајна Брак со присуство на ѓакон, но Законикот на Канонот на Источната црква бара свештеник.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот