Објавени се Папскиот годишник 2021 и Годишник за статистика на Црквата 2019

Објавени се Папскиот годишник 2021 и Годишник за статистика на Црквата 2019

Папскиот годишник 2021 и Годишник за статистика на Црквата 2019 на Ватиканската централната канцеларија за црковна статистика од крајот на март се достапни во книжарниците, објави Л’Осерваторе Романо на 25 март.

Во Папскиот годишник може да се прочита дека во 2020 година биле основани две митрополитски и четири епархиски седишта (2 бискупии и 2 епархии), две епархии се издигнати во чест на митрополитски седишта и две прелатури и еден Апостолски викаријат во бискупии.

Според податоците на Годишникот за статистика на Црквата во 2019 година, во светот имало нешто помалку од една милијарда и 345 милиони католици, што е зголемување за 16 милиони, односно 1,12%, во споредба со 2018 година (една милијарда и 329 милиони). Овој раст е сличен на растот на светската популација (1,08%), така што учеството на крстените католици во светската популација е стабилно и изнесува околу 17,7%.

Во однос на анализата на географската распределба во 2019 година, во споредба со 2018 година, бројот на католици во Африка се зголемил за 3,4%, а населението за 2,7%. Зголемувањето на бројот на католици е повисоко од зголемувањето на населението и во Азија (1,3% наспроти 0,9%) и во Америка (0,84% наспроти 0,69%).

Во Европа, од друга страна, има мало опаѓање на бројот на католици и стагнација на бројот на жители.

Во Океанија во истиот двегодишен период е забележана иста стапка на раст на населението и католиците и изнесува од 1,1%.

Уделот на католиците во вкупното население, во истиот период, малку е променет. Во Америка падна од 48,3 на 48,1%, а во Европа од 21,5 на 21,2%. Спротивно на тоа, благо порасна во Југоисточна Азија, како и во Африка каде порасна од 18,3% на 18,7%. Во Океанија, уделот останува стабилен, иако не изнесува ни 0,8% од вкупниот број католици во светот.

На крајот на 2019 година имало 5.364 епископи во сите партикуларни Цркви. Во Америка и Европа има 68,8% од сите епископи, потоа Азија со 15,2%, Африка со 13,4% и Океанија со 2,6%.

Вкупниот број на свештеници е зголемен за 271, од 414.065 на 414.336. Во Африка и Азија, бројот на свештеници се зголеми во 2019 година во споредба со 2018 година за 3,45 односно 2,91%. Во Европа и Америка, нивниот број е намален за 1,5, односно 0,5%.

Бројот на постојани ѓакони во светот се зголеми за 1,5%, од 47.504 на 48.238. Во Европа и Америка каде 97% се постојани ѓакони, е зголемен за 1,2%.

Бројот на монаси, кои не се свештеници е намален. Од 50.941 во 2018 година, во 2019 година достигна 50.295.

Намален е и бројот на монахињите, од 641.661 на 630.099 (1,8%). Од нив има 1,1% повеќе во Африка (77.054), и 0,4% повеќе во Југоисточна Азија (170.754). Во другите три области, бројот опаѓа: во САД од 160.032 на 154.717, во Европа од 224.246 на 216.846, и во Океанија од 6.999 на 6.718.

Во 2019 година, во споредба со претходната година, падна и бројот на свештенички кандидати – од 115.880 на 114.058, што е пад од 1,6%. Во Америка падот е 2,4%, во Европа 3,8%, во Азија 2,6% и во Океанија 5,2%. Бројот на кандидати се зголеми во Африка, од 32.212 на 32.721.

Најмногу кандидати има во Азија (33.821), потоа во Африка (32.721), следува Америка (30.644), Европа (15.888) и на крај Океанија (964), објави Л’Осерваторе Романо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот