Објавени се мотото и логото за Апостолското патување на папата во Јужен Судан

Објавени се мотото и логото за Апостолското патување на папата во Јужен Судан

„Се молам сите да бидат едно“, е мотото што ќе го придружува Апостолското патување на папата Фрањо во Јужен Судан од 5 до 7 јули. Објавено е и лого, на кое се гледа контурата на земјата и гулаб кој носи маслиново гранче.

Објавени се мотото и логото за Апостолското патување на папата во Јужен Судан, каде ќе патува од 5 до 7 јули и ќе престојува во градот Џуба. На посетата на земјава и претходи Апостолска посета на Демократска Република Конго, од 2 до 5 јули.

Мотото – „Се молам сите да бидат едно“, е преземено од Исусовата првосвештеничка молитва од Евангелието по Иван (Иван 17). Мотото и логото за 37. Апостолско патување на Папата беа објавени на 23 март од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

На логото е прикажан гулаб, преглед на карта на Јужен Судан во бои на знамето, крст и два испреплетени краци. Гулабот, сместен над контурите на земјата, носи маслиново гранче и претставува желба за мир. Во центарот се две скрстени раце, симбол на помирувањето на племињата кои ја сочинуваат државата. На десната страна, крстот го претставува христијанското наследство на Јужен Судан и страдањата низ историјата. До крстот стои натписот: „Папата Фрањо во Јужен Судан“, со датумот на Апостолската посета.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот