Објавени датумите за Апостолското патување на Папата во Шри Ланка и Филипни

Една седмица со Црквата во најдалекиот Исток. Канцеларијата за печат при Светиот Престол ги објави датумите за Апостолското патување на Папата во јануари 2015 година во Шри Ланка и Филипини.

Во Шри Ланка Папата ќе се задржи од 12-15 јануари 2015 година, а од 15-19 јануари 2015 година ќе ги посети Филипините, една од малобројните азиски држави со мнозинско католичко население. Програмата за патувањето ќе биде објавена наскоро – се истакнува од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот