Објавена темата за 2. Светски ден на бабите, дедовците и старите лица

Објавена темата за 2. Светски ден на бабите, дедовците и старите лица

Дикастеријата за лаици, семејство и живот објави ја објави темата за Светскиот ден на бабите и дедовците, кој ќе се слави во недела, 24 јули 2022 година, а гласи „Тие и во староста ќе бидат плодни“ (Псалм 91,14) стои во соопштението од 15 февруари 2022 година.

Темата што ја избра папата Фрањо сака да нагласи колку многу се вредни бабите и дедовците и старите лица и дека тие се дар, како за општеството, така и за црковните заедници.

„Темата исто така е и повик за преиспитување и оценување на бабите и дедовците и старите лица, кој пречесто се држат на маргините од семејствата, граѓанските и црковните заедници. Нивното животно искуство и вера, всушност, можат да придонесат за градење општества кои ќе бидат повеќе свесни за сопствените корени и способни да сонуваат за иднината заснована на поголема солидарност“, стои во соопштението на Дикастеријата.

Исто така се нагласува дека повикот за слушање на мудроста стекната низ годините е посебно важен во контекст на синодалниот пат на кој се наоѓа Црквата.

„Дикастеријата за лаици, семејство и живот ги поканува парохиите, епархиите, здруженијата и црковните заедници во целиот свет да најдат начин да го прослават Денот во сопствениот пасторален контекст, за што дополнително ќе бидат ставени на располагање некои соодветни пасторални средства.

Потсетуваме дека Светскиот ден на бабите и дедовците и постарите е востановен од папата Фрањо во 2021 година, а се слави секоја четврта недела во јули – најблиску до празникот Свети Јоаким и Ана, Исусовата баба и дедо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот