Објавена програмата за патувањето на Папата во Египет

Објавена програмата за патувањето на Папата во Египет

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 3 април 2017 година ја објави програмата за дводневното апостолско патување на папата Фрањо во Египет, на 28 и 29 април.

Папата од Рим од аеродромот Фиумичино, ќе тргне кон меѓународниот аеродром во Каиро во петок на 28 април во 10.45 часот. По пристигнувањето на аеродромот свеченост за добредојде ќе биде одржана во Претседателската палата, а потоа следува посета на Претседателот на Републиката и големиот имам Ал-Азхар. Првиот говор Папата ќе го одржи на учесниците на меѓународната конференција за мир. Истиот ден попладне Папата ќе се сретне со претставници на власта, и ќе појде во посета на Тавадрос II, каде што – како што е предвидено- ќе го одржи вториот говор.

Вториот ден од престојот на Папата во Египет ќе започне со света Литургија, а после неа, Светиот Отец ќе руча со египетските епископи. За попладне е предвидена молитвена средба со клерот, монасите, монахињите и семинаристите. Заминувањето на папата Фрањо од аеродрмот во Каиро е предвидено за 17.00 часот, а пристигнувањето на римскиот аеродром Чампино во 20.30 часот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот