Објавена нова книга на Папата: Кога молете говорете Оче наш

Објавена нова книга на Папата: Кога молете говорете Оче наш

Од 23 ноември 2017 година, во Италија е во продажба книгата-интервју на папата Фрањо со наслов „Quando pregate dite Padre nostro – Кога молете, говорете Оче наш.“

Од 23 ноември 2017 година, во Италија е во продажба книгата-интервју на папата Фрањо со наслов „Quando pregate dite Padre nostro – Кога молете, говорете Оче наш,“ во која Папата во разговор со дон Марко Поцо, затворски капелан во Падова, ги толкува зборовите и смислата на најдрагата христијанска молитва која самиот Исус ги научил да ја молат своите ученици. Потсетува дека книга е создадено врз основа на нивните средби во емисијата „Padre nostro – Оче наш“ која се емитува на италијанската телевизија Tv2000.

Во синоќешната емисија, папата Фрањо истакна дека Евхаристијата не е награда за добрите, туку лек за слабите, насочувајќи го така своето внимание на прозбата „леб наш насушен дај ни го денес.“ Царството Божјо е гозба, се наоѓаме на трпезата – рече Папата. Силата на Божјото присуство во денешниот свет е токму на трпезата, во Евахаристијата со Исус. Од таа причина, да бараме (од Бог) на сите да ни даде да јадеме: на евхаристиската трпеза да ни го даде духовното јадење кое нас нè зајакнува, но и да ни даде да јадеме на сите во овој свет во кој царувањето на гладот е толку сурово.

Како деца дома, нè учеле дека кога лебот ќе падне на земјата, треба веднаш да се подигне и да се бакне – потсети папата Фрањо и продолжи: Лебот никогаш не се фрла. Лебот е симбол на единството на човештвото. Освен тоа Светиот Отец рече дека за христијаните „лебот“ не е само евхаристијата, туку значи да се даде и на гладните да јадат.

Минатата недела, Папата се фокусираше на прозбата „нека биде волјата твоја, како на небото, така и на земјата“ објаснувајќи дека ако бидеме искрени и отворени кон Господ, ќе можеме да ја вршиме Божјата волја затоа што Он не ја сокрива својата волја, правејќи ја разбирлива за сите оние кои ја бараат, а оние кои не се грижат, ги пушта и чека. Бог – продолжи папата Фрањо – не сака никој да пропадне, Бог чека. Затоа кога ќе сфати дека нешто е загубено, го напушта тоа сигурното за да го најде загубеното.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот