Објавена молитвената накана на Папата за февруари 2018

Објавена молитвената накана на Папата за февруари 2018

На 1 февруари 2018 година во Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој во Рим е одржана конференција за печат, на која е обајвено видеото со молитвената накана на папата Фрањо за месец февруари 2018 година. Видеото е во продукција на Светската молитвена мрежа во соработка со Дикастеријата и се занимава со темата корупција. Видеото е дел од процесот започнат 2017 година на 15 јуни од самата Диакстерија за промовирање целосен човеков развој и тоа на меѓународната дебата за корупцијата, а која се одржа во Папската академија за наука.

Молитвената накана за февруари 2018 година исто така ќе биде прикажана за време на конференцијата „Корупција, апокалипса на демократијата“, која ќе се одржи во Наполи на 3 февруари 2018 година во училиштето именувано по Атила Романоу, жртва на Каморе, италијанска злосторничка мафијашка организација од Кампанија, со седиште во Наполи.

Молитвената накана на папата Фрањо за месец јануари 2018 година гласи: Оние кои имаат материјална, политичка или духовна моќ да не дозволат со нив да владее корупцијата. Што е основа за ропство, невработеност, занемарување на заедничкото добро и природата? Корупцијата, тој смртоносен процес кој ја храни културата на смртта. Зошто нема граница желбата за моќ и за поседување? Мора да зборуваме за тоа, да го разоткриеме тоа зло, да го разбереме за да покажеме волја дека повеќе го сакаме милосрдието, отколку бедата, повеќе ја сакаме убавината, отколку ништожноста – рече Светиот Отец во видео пораката и повика заедно да молиме како оние кои имаат материјална, политичка или духовна моќ да не дозволат со нив да владее корупцијата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот