Објавена литургиската програма на папата Фрањо за Божиќ

Објавена литургиската програма на папата Фрањо за Божиќ

Поради епидемиолошките мерки папата Фрањо полноќната Света Литургија на Бадник на 24 декември ќе ја служи во 19.30 часот, стои во литургиската програма на папата Фрањо за декември и јануари, која е објавена на 10 декември.

Италијанската влада побара од бискупиите и парохиите полноќните свети Литургии на 24 декември насекаде да се служат порано, почитувајќи ја забраната за излегување после 22.00 часот.

Сите славења кои ќе ги предводи Папата за време на Божиќ, како и за новогодишната ноќ, ќе бидат сведени на минимум, како што беше случајот за време на Страсната седмица и Воскресението.

Традиционалниот благослов на градот и светот на Божиќ напладне – Urbi et orbi, светата благодарна Литургија за помината година (во 17.00 часот), како и света Литургија на Светскиот ден на мирот на 1 јануари (во 10.00 часот) и Богојавление на 6 јануари (во 10.00 часот) ќе се одржат редовно. Не е наведено, но малку е веројатно дека Папата, како вообичаено досега на новогодишната ноќ, ќе направи обиколка на Витлеемската пештера, поставена на ватиканскиот плоштад.

Во литургиската програма објавена од Папската канцеларија за литургиски славења не е наведено дали Светиот Отец ќе крсти деца во Сикстинската капела на празникот Крштение Господово, во недела на 10 јануари 2021 година.

Сите славења ќе бидат пренесувани во живо од ватиканската телевизија и радио, од светските медиуми, како и на социјалните мрежи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот