Објавена книга со проповеди на Папата

Зборови на Папата изговорени во текот на една година, сместени меѓу најчитаните и најмногу слушани во светот, станаа секојдневна придружба за милион луѓе.

Во книгата која ја објави издавачката куќа Рицоли, насловена како „Вистината е средба. Проповеди од Света Марта“, која во книжарниците може да се најде од 24 април, собрани се резимеа, подготвени од Ватиканското Радио, првите 186 утрински проповеди на папата Фрањо. Предговорот за книгата го подготви главниот директор на Радио Ватикан патер Федерико Ломбарди, а воведниот збор патер Антонио Спадаро, директор на списанието „Civiltà Cattolica“ и уредник на книгата.

Откако ја отвори вратата на капелата Света Марта и светот почна да влегува во неа за да ги слуша неговите проповеди, папата Фрањо не поттикна само одредено очекување, туку придонесе за промена на вкоренета профисионална рутина „на своето“ радио, воведувајќи нов и посебен простор. Од 25 март 2013 години кога утринската миса на папата Фрањо започна да станува секојдневен јавен извештај на неговите проповеди одржани спонтано во „семејно“ опкружување во капелата Света Марта, новинарската работа на Радио Ватикан веднаш се обликува според таа новост.

Така настана „една работа повеќе“ но многу „добредојдена“ како што ја нарече патер Ломбарди во предговорот на книгата во која се оживуваат зборовите на папата Фрањо, но и неговиот глас, неговото истакнување, неговиот прекин, продорноста на неговата верска наука, изнворедното влијание на неговото изразување и тоа благодарание на носителот на звук приложено со изданието кое ќе биде во продажба од 7 мај. Утринските проповеди на папата Фрањо – пишува патер Ломбарди во предговорот – се проповеди на син на свети Игнациј, научен да им помага на душите да ја пронајдат Божјата волја секој ден, гледајќи го и наследувајќи го Исус кој носи Крст за да нѐ спаси, под погледот на љубовта на Отецот.

Радио Ватикан го следи и понатаму ќе го следи тоа духовно патување на Папата; со микрофонот вклучен рано наутро, до внимателните уши, вештите умови и брзите прсти на секретарите во уредништвото кои верно ги запишуваат зборовите и до брзиот разговор на директорот и новинарот кој е задолжен за резиме на проповедите – напиша патер Ломбарди и додаде – сето тоа со заземање и радост на секој член на екипата. Бидејќи, веќе 83 години – од Маркони до Света Марта – и покрај што се менуваат начините останува главното послание кое всушност со објавувањето на книгата се покажува многу грижливо и благодетно, а тоа е служба за ширење на зборовите на Папата. За да можеме со помош на Папата да го сретнеме Исуса – истакна на крајот патер Ломбарди.

РВ/Д.И./

Категорија: Ватикан

За авторот