Објавата на Пресвета Богородица во Фатима

Објавата на Пресвета Богородица во Фатима

Втора објава

Тринаесетти јуни 1917 година. Откако Фрањо, Јацинта и јас измоливме Бројаница со некои луѓе кои беа таму присутни, повторно го видовме млазот светлина како се приближува (она што го нарековме блесок) и недолго потоа Пресвета Богородица на изворот, точно како во мај.

  • Што сакаш од мене? – прашав.
  • Сакам да доаѓате овде и следниот месец, на 13, да молете света Бројаница секој ден и да научите да читате. Подоцна ќе ви кажам што сакам.

Тогаш ја замолив да оздрави еден болен.

  • Ако се преобрати, ќе оздрави за една година.
  • Би сакала да те замолам да нè одведеш во Небото.
  • Да, Јацинта и Фрањо насокоро ќе ги земам, но ти овде ќе останеш уште некое време. Исус сака со тебе да се послужи, луѓето да ме запознаат и возљубат. Сака да основа во светот побожност кон моето Пречисто Срце.
  • Јас, овде ќе останам сама? – прашав натажена.
  • Не, ќерко моја! Страдаш ли многу? Немој да се обесхрабриш! Моето срце ќе биде твое прибежиште и патот кој ќе те доведе до Бог.

Изговарајќи ги тие последни зборови, ги рашири рацете втор пат и фрли на нас бран бескрајна светлина во која, себе се видовме потопени во Бог. Јацинта и Фрањо се наоѓаа во блесокот на светлината кон горе, јас кон долу, кон земјата.

На дланката на раката на Пресвета Богородица се наоѓаше срце завиткано со трње кои се забодуваа во него. Сфативме дека тоа е Пречистото Срце Богородично, избодено со гревовите на човештвото, кое бара надомест.

Ете, на што мислевме, Превозвишени, кога зборувавме за тајната која Пресвета Богородица ни ја откри во јуни.

Девицатa ниту тој пат не ни нареди да држиме за тајна, но во себе чувствувавме дека Бог нè поттикнува да ја чуваме.

Фатимска порука Луција говори/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот