Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска во недела слави ’Ден на Животот’

Треба да се брани животот од културата на смрта, носејќи ја Христовата љубов таму каде што постојат разновидни видови на сиромаштво – истакнува папата Фрањо во пораката до католиците во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, кои на 27 јули го одбележуваат Денот на Живот. Пораката е потпишана од Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.

Не помага свртувањето грб, бидејќи Христовото страдално тело нема да исчезне. Бездомниците, зависниците, бегалците, преселниците и немоќните лица, се обликот на новото сиромаштво, кое ја испрашува нашата христијанска совест – пишува Светиот Отец во Апостолското писмо „Радоста на Евангелието“ и Црквата поттикнува да биде безгранична мајка на сите.

Оваа мисла на Папата јасно оддекнува во пораката за ’Денот на Живот’, кој Црквата во Англија, Ирска, Шкотска и Велс го слави во недела под мотото: „Штити и љуби од почетокот до природниот крај“.

Папата посебно се обраќа до младите да размислуваат за „светоста на дарот на животот“, кој доаѓа од Бог. Тој ги поттикнува младите на борба против културата на смрта, не само заземајќи се за правна заштита, која се темели на правото на живот, туку и да ја носат милосрдната Христова љубов како лек за новите облици на сиромаштво во денешното современо општество – стои на крајот од пораката на Папата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот