Нунцијот Јурковиќ за првите резултати од средбата во Хавана

Како прв видлив резултат од историската средба меѓу папата Фрањо и московскиот патријарх Кирил I. во Хавана е „нормализирањето на односите“ помеѓу Католичката и Православната Црква. Ова го изјави во интервју Апостолскиот нунциј во Русија, архиепископот Иван Јерковиќ. Службата Апостолски нунциј во Русија словенскиот архиепископ ја завршува на 31 март 2016 година, а во иднина својата дипломатска служба ќе ја врши во Женева, како постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации.

За да се оцени средбата во Хавана и нејзините последици, потребно е да се земе во предвид историската перспектива, истакна Апостолскиот нунциј: „Она што се промени веднаш и засекогаш, е фактот дека сега пред нас ја имаме сликата од долгоочекуваната прегратка“. Нунцијот Јурковиќ смета дека со средбата во Куба имаме „нова нормала”, сега е факт дека дијалогот меѓу браќата веќе не е нешто необично: „Невозможните и ретки работи сега се нормални, стануваат секојдневие“. Покрај тоа средбата ќе има позитивно влијание врз развојот на односите меѓу Католичката црква и оние православни Патријархати, кои досега не биле во директен контакт со Папата

Во 25 годишното постојано присуство на Светиот Престол во Москва имаше континуирано подобрување на односите, иако понекогаш некои работи беа отежнати, истакна нунцијот. Средбата во Хавана даде една нова светлина врс сето она што претходно се случуваше.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот