Нов подарок од папата Фрањо за бездомниците во Рим

Нов подарок од папата Фрањо за бездомниците во Рим

На празникот Педесетницата, папата Фрањо го благослови болничкото возило обезбедено од гувернерот на Градот држава Ватикан наменето за бездомниците и сиромашните во Рим. Возилото за брза помош ќе ја користи Апостолската служба за милостина за нејзините добротворни дела.

Нов чин на солидарност од папата Фрањо за Рим и сиромашните во градот. Утрото на празникот Педесетница, пред светата Литургијата, папата Фрањо го благослови амбулантното возило за сиромашните во Рим.

Во соопштението од Апостолската служба за милосрдие се наведува дека „ова е нов дар на Светиот Отец, поклонет за потребите на Апостолската служба за милостина, а за доброто на најсиромашните, посебно за бездомниците, кои секојдневно се соочуваат со тешкотии на улиците и бараат засолниште. во близина на Ватикан или импровизираните засолништа во Рим. Возилот за брза помош, со регистрациски број на Ватикан, е дел од оние што ги користи Службата за брза помош во Ватикан и е обезбедена од гувернерот на Ватикан за да им се помогне на најсиромашните, кои се невидливи за институциите.

Така, ова возило за Брза помош станува дел од други слични иницијативи, како што е мобилната поликлиника, која се користи претежно за лекување на најсиромашните и маргинализирани во римските предградија, како и Амбулантата „Мајка на милосрдието“, која им дава прва медицинска помош на бездомниците под колонадата на плоштадот Свети Петар на лица без здравствено осигурување и кои продолжија да дават услуги и за време на кризата со коронавирус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот