Новости за Светскиот ден на млади во Краков

Уште неколку дена до Светскиот ден на младите во Краков, се продолжува со подготовките за средбата со папата Фрањо со два милиони млади.

Водачот на литургиското славење на папата Фрањо монс. Гвидо Марини истакна дека светата Литургија за СДМ со папата Фрањо ќе биде служена на латински јазик, а проповедта ќе ја одржи на италијански јазик.

Министерството за внатрешни работи објави дека обезбедувањето располага со 20.000 полицајци, 2.400 пожарникари, 1.500 гранични полицајци и 800 членови од владината Канцеларија за заштита. Исто така се истакнува дека 400 полски и 350 странски војници ќе учествуваат како ходочасници на настаните.

Монс. Гвидо Марини потврди дека е завршено со градењето на сцената во паркот Блонија и на кампусот Мисиерикордија каде што папата Фрањо ќе го предводи бдението и светата Литургија.

Тој истакна дека сликата на Милосрдниот Исус е во центарот на олтарот, а од левата страна сликата на свети Иван Павле II и света Фаустина Ковалска.

Напомена дека на левата страна е поставен крст, а каменот од кој е изграден олтарот е истиот како и оној кој е користен за последната апостолска посета на Полска на свети Иван Павле II во 2002 година и папата Бенедикт XVI за неговата апостолска посета во 2006 година.

Монсињор Марини соопшти дека папата Фрањо на 30 јули ќе го посети светилиштето на Божјото Милосрдие и така ќе стане првиот врховен поглавар кој ќе исповеда на тоа место.

На кампусот Мисиерикордија на 30 јули ќе служи молитвено бдение и завршната света Литургија на посланието со папата Фрањо – истакна монс. Гвидо Марини.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот