Нови прозорци и врата на црквата во Нова Маала

Активноста во еноријата Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала и оваа година на дело. Имено, заложба на црковните одборници е секоја година да собираме придонес за да поправиме нешто во нашата црква. Ако минатата година цел ни беше да се купат нови столови, да се поправи камбанаријата и да се стави нов крст кој ќе свети, оваа година како цел си поставивме да се сменат прозорците со нови PVC-прозорци и влезна врата. Работата е веќе завршена и  црквата подновена благодарение на верниците кои несебично го даруваат својот храм. Јас како парох заедно со одборниците и сите верници не го криеме задоволството од успешно изведените работи. На сите учесници и градители срдечно им благодариме и го молиме Бога за нивната дарежливост.

о. Спасо Ристов

Категорија: Македонија

За авторот