Нови иницијативи на фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ за помош на христијаните во Сирија

Нови иницијативи на фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ за помош на христијаните во Сирија

Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ и понатаму е на првата линија во борбата против пасивноста и рамнодушноста; во таа смисла започнува два нови проекти со цел помош на прогонетите малцинства, а посебно за христијаните во Сирија.

Војната во Сирија не е завршена; Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“ настојува да се побуни против рамнодушноста повторно поддржувајќи ги прогонетите малцинства – со тие зборови директорот на италијанскиот огранок на фондацијата Алесандро Монтедуро ја објасни смислата на новите иницијативи со цел поддршка на двата проекти за помош на сириските христијани.

Првиот проект се однесува на Алепо каде долгогодишниот конфликт остави длабоки и болни рани. Иднината за многумина е несигурна исто така заради тешката економска состојба. Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ затоа одговори на апелот на апостолскиот викар за верниците од латински обред во Алепо монс. Жорж Абуа Хазен кој бараше помош за купување храна за најсиромашните христијански семејства. Сиријците повеќе не се во потрага по слобода – истакнува Монтедуро во разговор за Радио Ватикан, туку за насушниот леб, вода, плин за готвење, литар гориво и лекови. Настојуваме да им помогнеме и затоа бараме од нашите добродетели уште еднаш да им помогнат на тие наши браќа.

Вториот проект пак се однесува на Дамаск каде има многу болни христијани на кои им се потребни постојано лекови, не можат да ги купат затоа што се премногу скапи. Затоа патријархот на Мелкитско источно католичка Црква надбискупот Јусеф Абси ја замоли фондацијата Помош на Црквата во неволја за помош во купување на лекови и за домашна лекарска нега.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот