Нова Маала: Бројаница за индиферентните

Во парохијата Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала секоја сабота со децата кои присуствуваат на веронаука се моли Света Бројаница за преобраќање на индиферентните. Знаејќи дека ретко кој се декларира како неверник, е одлучено да се моли за оние кои веруваат во Бога но не се во можност, поради сопствени причини, да присуствуваат на света Литургија и на другите Богослужби во црквата. Бројаницата е молитва со која ние ја чествуваме и славиме нашата небесна мајка Богородица. Оваа молитва нека ги поттикне тие верници да бидат навистина одговорни за своите души и нека Мајка Божја им помогне вистински да се вклучат во верскиот живот за добро на самите себе и своите семејства.

о.Спасо Ристов

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот