Никарагва. Епископите на Латинска Америка го осудуваат вознемирувањето на Црквата од страна на владата

Никарагва. Епископите на Латинска Америка го осудуваат вознемирувањето на Црквата од страна на владата

Бискупска конференција на Латинска Америка и Карибите ја изразува својата близина и солидарност со целиот Божји народ на Никарагва: со епископите, свештениците, монасите и монахињите, лаиците соочени со постојани напади на државните власти.

Во пораката која ја потпишаа монс. Мигуел Кабрејос Видарте и монс. Хорхе Едуардо Лозано претседател и генерален секретар на Епископската конференција на Латинска Америка и Карибите, ја изразуваат својата близина со Црквата во Никарагва која е жртва на континуирани напади на државните тела.

Послените настани, како опсадата на свештениците и бискупот, протерување на припадници на монашки заедници, сквернавење на места за богослужба и затворање на радио станици, длабоко нѐ повредија. Ја изразуваме нашата солидарност и близина со нив, стои во документот.

Пораката на солидарност упатена до целиот Божји народ на Никарагва: до епископите, свештениците, монасите и монахињите, лаиците, гарантира дека латиноамериканските епископи ги придружуваат браќата на различните патишта, сака да бидат глас на оние кои немаат глас, да изградат дијалог кој е способен да го зацрта патот на единството и мирот.

Сакаме да се присетиме на Словото Божјо кое среде потешкотиите говори: не плаши се и не стравувај затоа што каде да отидеш со тебе е Јахве, Твојот Бог, стои во пораката во која бискупите ветуваат дека молат за оние кои страдаат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот