Ние христијаните треба да го пренесеме животот

Ние христијаните треба да го пренесеме животот

Папата Фрањо во твитер порака истакна дека ние христијаните сме повикани да пренесеме живот: Бог, неговиот божестен живот, неговата милосрдна љубов, неговата светост.

„Ние христијаните немаме некои производ кој треба да го продадеме, туку живот кој треба да го пренесеме“ – истакна папата Фрањо во пораката која ја објави на својот профил на Твитер на 30 август 2018 година. А кој е тој живот кој ние христијаните сме повикани да го пренесеме? Како што истакна за време на средбата со националните директори на Папските мисиски дела, која се одржа на 1 јуни оваа година, треба да го пренесеме Бог, неговиот божествен живот, неговата милосрдна љубов, неговата светост! Светиот Дух нѐ испраќа, придружува и вдахнува – рече во таа прилика Папата и додаде: Тој е авторот на посланието. Тој Црквата ја води напред, а не ние.

Во пораката која ја објави на 29 август на Твитер Светиот Отец на своите следбеници им порача дека молитвата е првото мисиско дело кое секој христијанин може и треба да го прави, а исто така е најделотворното.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот