Нигерија: Крвав терористички напад во Црква

Нигерија: Крвав терористички напад во Црква

Двајца свештеници и 19 верници се жртви на крвавиот напад врз католичката црква „Свети Игнатиј“ во селото Ајар-Малобам, во државата Бену, тампон-зоната Гвер Ист, Централна Нигерија која го одвојува северниот муслимански дел од јужниот дел каде што мнозинството живеат христијани. Нападот е извршен од вооружена група во раните утрински часови на 24 април за време на светата Миса, објави агенцијата Фидес. По црквата, бандитите го нападнале блиското село, срушиле 60 куќи и земјоделски објекти. Жителите успеале да побегнат во околните села.

Портпаролот на гувернерот на државата, Самуел Орто, изјави дека извршителите на нападот се муслимани Фулани, кои се мнозинско население во тој дел од земјата, а исповедаат сунитски ислам.

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари го осуди „ужасното злосторство”, а епархијата од Макурди изрази сочувство и ја истакна несигурноста во која живее населението во реонот на Бену, кое 95% се христијани. Според невладината организација Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch), од 2010 година повеќе од 3.000 луѓе биле жртви на насилство во оваа област.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот