Не само Богородица, туку и најблиска соработничка

Не само Богородица, туку и најблиска соработничка

Папата во пладневниот наговор на 1 јануари 2017 година од прозорецот на Апостолската палата говореше за ликот и достоинството на Богородица Марија која не била само вистинска Мајка на Спасителот, туку била и најблиску соединета со Синот и учествувала во Божјиот спасителски план.

Во последните неколку дена својот восхитен поглед го полагаме на Синот Божји, роден во Витлеем; денес на празникот Марија Богородица ги упатуваме своите очи на Неговата Мајка, но во директна и блиска поврзаност со Него. Таа врска не се исцрпува со фактот дека некој „родил“, а некој „бил роден“; Исус е „роден од жена“ (Гал 4, 4) за мисијата за спасение, а неговата Мајка од ова мисија не е исклучена; уште повеќе со Неа интимно е поврзана. Марија за тоа е свесна, па не се затвора во својот мајчински однос со Исус, туку останува отворена и грижлива за сите настани кои околу Него се одвиваат: чува и размислува; испитува и продлабочува како што Евангелието денес нѐ потсетува (Лк 2, 19). Веќе го кажала своето „да“ и покажала расположливост за вклучување во спроведувањето на Божјиот спасителски план кој „ги распрсна оние, што се гордеат со мислите во срцата свои; ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените; гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни“ (Лк 51 – 53). Сега тивка и внимателна настојува да сфати што Бог сака од неа од ден на ден.

Посетата на пастирите е можност за „фаќање“ на чудни елементи на Божјата волја која се покажува во присуството на тие скромни и сиромашни луѓе. Евангелистот Лука ни говори за посетата на пастирите во шталата со низа глаголи кои изразуваат движење: одат без одложување, го наоѓаат Детето со Марија и Јосиф, Го гледат, пренесуваат тоа што за Него им било кажано; и на крајот го слават Бог (Лк 2, 16 до 20). Марија посебно го следи овој тек на пастирите затоа што од него веќе извира движење за спасение, кое ќе избие од Исусовите дела, се прилагодува да е подготвена за било кое Господово барање. Бог од Марија не бара само да биде Мајка на неговиот Син, туку и соработка со Синот и за Синот во планот за спасение, преку Неа и во Неа понизната слугинка се исполнија големи дела на Божјото милосрдие.

А потоа, додека како пастирите ја набљудуваме иконата на Младенецот во прегратките на својата Мајка, чувствуваме дека во нашето срце расте чувството за неизмерна благодарност кон Таа која на светот му го дала Спасителот. Затоа на првиот ден на Нова година да кажеме:

Ти благодараме света Мајко Сине Божји Исусе!

Ти благодариме на понизноста која го привлекла Божјиот поглед;

Ти благодариме за верата со која си го прегрнала Неговото Слово;

Ти благодариме за храброст со која си кажала: „Еве ме“, заборавајќи на сѐ, вчудовидена од Светата Љубов и си станала едно со неговата надеж.

Ти благодариме света Мајко на Синот Божји Исус!

Моли се за нас ходочасниците во времето; помагајќи ни да чекориме по патот на мирот. Амин

По Ангел Господов

Драги браќа и сестри Среќна нова година! Годината ќе биде добра во мерка во која секој од нас со Божја помош секојдневно ќе се обидува да прави добро. Така се гради мир говорејќи: „Не“ – со факти – на омразата и насилството, и „да“ на братството и помирувањето. Пред 50 години папата Павле VI започнал на овој ден да слави „Светски ден на мирот“ за да ги зацврсти заедничките напори во создавањето на мирен и братски свет. Во новогодишната порака го предложив ненасилството како начин за мировна политика. За жал и синоќа – во ноќта на добрите желби и честитки за надеж – дојде до насилство. Ражалостен ја изразувам својата близина на Турскиот народ. Се молам за бројните жртви и за ранетите, но и за целата нација која е во жалост. Од Господ молам да ги поддржи сите луѓе со добра волја кои вистински се соочуваат со раната на тероризмот; дамката крв која светот го завитка со сенката на стравот и загубеност.

Сакам да му се заблагодарам на италијанскиот претседател за добрите желби кои синоќа ми ги упати во текот на своето обраќање до нацијата. Возвраќам со иста мерка, повикувајќи Божји благослов за италијанскиот народ со одговорен и единствен придонес од сите, можеме на иднината да гледаме со доверба и надеж. Ве поздравувам сите вас овде присутни, семејствата, здруженијата, собраните млади посакувајќи ви среќна и мирна Нова година. Благодарам за бројните молитвени иницијативи и заземањето за мир кои се случуваат во цел свет. По својот обичај честитајќи им на сите Папата се препорача во нивните молитви и го отпушти мноштвото!

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот