Не плаши се да ја отвориш вратата за Христос!

Не плаши се да ја отвориш вратата за Христос!

Денес е литургиски спомен на свети Иван Павле II. кој беше на Петровиот Престол 27 години, понтификат втор по времетраење, после оној на папата Пио IX, кој траел 32 години. За Папа е избран на 16 октомври 1978 година. Карол Војтила е првиот папа од Полска и прв Папа кој после 455 години не потекнува од Италија. Тој има 104 Апостолски посети надвор од Италија и 146 во Италија. Црквата го прогласува за светец на 28 април 2014 година.

Тој е првиот папа кој влегол во синагога и џамија, прв папа кој во официјална посета прима претставници на Грчката православна црква после расколот во 1054 година, а рушел и многу други стереотипи во општеството.

„Не плаши се да ја отвориш вратата за Христос!“

Иако било обичај до 22 октомври 1978 година како нов избран Папа на првиот јавен настап да се даде благослов во тишина, сепак папата Иван Павле II. инсистира да го одржи свето прво јавно обраќање. Зборовите погоре силно одекнаа во светот

Свети Иван Павле II. моли се за нас!

к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот