Неокатекумени од Јужоафриканската Република заминаа во мисии

Неокатекумени од Јужоафриканската Република заминаа во мисии

Со цел да одговорат на повикот на папата Фрањо за излегување и евагелизирање, 72 мажи и жени од неокатекуменските заедници од Јужноафриканската Република се испратени двајца по двајца во мисии во светот

Со цел да одговорат на повикот на папата Фрањо за излегување и евагелизирање, 72 мажи и жени од неокатекуменските заедници од Јужноафриканската Република се испратени двајца по двајца во светски мисии, без ништо освен со Библијата за да ја соопштат Радосната вест на сите во Јужноафриканската Република, Свазиленд, Боцвана и Лесото – извести агенцијата Фидес.

Групата навестители на Евангелието и нивното послание го благослови монс. Брислин, надбискуп на Кејптаун и претседател на Јужноафриканската бискупска конференција (SACBC), за време на духовната обнова, во Кејптаун, обраќајќи им се со следните зборови: „Преку своето Крштение учествуваме како апостолите во служба на Исус Христос: навестување на Царството Божјо… Евангелизацијата во модерното време не значи само да се донесе Христос на оние кои за Него не слушнале, туку и на луѓето за кои Христос повеќе не е релевантен, за повторно да ја обноват својата вера.“

Истото послание истовремено се одржува во цел свет, како што минатата година е објавено за време на Светскиот ден на млади во Краков, кога се собраа повеќе од 150 илјади млади од Неокатекуменскиот пат на средба за звања.

„Ова послание не е само за посветени лица,“ рече Дино Форционе, одговорен за Неокатекуменскиот пат во Јужна Африка. „Има ожените луѓе, самци, млади и стари, свештеници и богослови, тоа е духот на Вториот ватикански собор, телото на Црквата како вистинско Христово присуство. Го искусивме фактот дека Христос нѐ придружува.

„На прашањето кое им го поставил на своите ученици во Евангелието според Лука: „Кога ве пратив без торба, вреќа или обувки, дали нешто ви недостасуваше?“ можеме да сведочиме дека ништо не ни недостасуваше! Некои претрпеа извесни недостатоци, но сите искусивме „совршена радост“ на свети Фрањо кој своите браќа исто така ги испраќал двајца по двајца – пренесува агенцијата Фидес.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот