Неоерејска Литургија во црквата Свети Кирил и Методиј – Петралинци

Во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј‘‘ – Петралинци на 21 септември 2016 година на празникот Рождество на Пресвета Богородица, неорејот о. Атанас Сирачев заедно со парохот о. Ѓорѓи Појразов служеше света Литургија, во присуство на голем број верници.

Отец Сирачев одржа проповед во која се осврна на животот на Пресвета Богородица и истакна дека од зачнувањето па се до крајот нејзиниот живот исклучиво бил насочен кон исполнување на една единствена задача: да биде Мајка Господова. Зборувајќи за литургиското евангелие според Лука посветено на посетата на Исус на сестрите Марта и Марија отец Сирачев истакна: „Штом човекот почнува да не го слуша Исус, човекот ќе почне да лута насекаде како за себе да стекне повеќе богатство, поголем углед, моќ и власт, штом човекот се помалку седи до нозете Исусови. Од друга страна ја истакна големината на Марта преку вршењето на секојдневните и најобичните работи и пожртвуваноста за семејството, кое истото денес го наоѓаме кај многу жени кои со љубов готват, чистат и ги воспитуваат своите деца и поттикна да се даруваме за другите преку најобичните ситници.

По завршувањето на светата Литургија парохот о. Ѓорѓи Појразов му се заблагодари на новоракоположениот свештеник за ова света Литургија и ја препорача заедницата во Петралинци во неговите молитви.

Неорејот Сирачев на верниците им подели неорејски благослов и им подари мали икони.

к.мк/Коста Узунов

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот