Неоерејска Литургија во Богданци и Гевгелија

Неоерејска Литургија во Богданци и Гевгелија

Во парохиската црква „Свв. Петар и Павле“ – Гевгелија, во недела 6 ноември неорејот о. Атанас Сирачев заедно со парохот о. Димитар Ташев служеше света Литургија, во присуство на голем број верници. Претходно на истиот ден неоерејот служеше света Литургија и во парохиската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Богданци.

Во проповеддта о. Атанас се осврна на Евангелското читање за воскресението на младото момче од Наин. Акцентот беше ставен на човечката слабост од една страна и Божјата моќ од другата страна.

На крајот неорејот Сирачев на верниците им подели неорејски благослов и им подари мали икони во спомен на неговото ракополагање.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот