Неоерејот о. Ванчо Назов служеше во Петралинци

Во неделата на Митарот и Фарисејот 21 февруари 2016 година по покана од парохот о. Ѓорги Појразов неоерејот о. Ванчо Назов служеше прва света Литургија во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци. Неоерејот во својата проповед истакна дека во христијанството нема место за горделивоста, туку за понизноста.

Парохот Појразов му се заблагодари на неорејот за отслужената света Литургија и и му посака плодна пасторална дејност, по што отец Ванчо Назов на присутните верници им подели неоерејски благослов.

На крајот од светата Литургија следуваше Евхаристиско обожавање, благослов и молитва до света Богородица со што заврши и побожноста Мариини Семејства во парохијата.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот