Неоерејот Илија Стојанов служеше света Литургија во Петралинци

На празникот Вознесение Господово, 29 мај 2014 година во парохиската црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци неоерејот о. Илија Стојанов служеше света Литургија, во заедништво со парохот о. Ѓорги Појразов. Во проповедта о. Илија Стојанов говореше за празникот Вознесение Господово и неговото значење.

На крајот од светата Литугија, парохот о. Ѓорги Појрзаов му се заблагодари на неоерејот за отслужената света Литургија, како и за одржаната проповед.

К.мк+о.Ѓ.П

Категорија: Македонија

За авторот