Немирот на свети Августин е во срцето на секој човек

Немирот на свети Августин е во срцето на секој човек

Ликот на свети Августин привлекува внимание заради неприликите низ кои поминал, како и заради неговото единствено искуство за Бог, а исто така и заради бројните списи кои зборуваат за неговиот живот и учат како да се трага по Вистината во Христос.

Воден од срцето и љубовта, свети Августин немирниот барател на Вистината може и денес да се смета за актуелен. Иако се напишани пред повеќе од 1500 години неговите „Исповеди“ се дело во кое секој од нас би можел да ги препознае сопствените прашања, состојбата на сопствената душа збунета заради настаните во животот и конфликтите на верата и разумот кои изгледаат нерешливи. Читајќи ги „Исповедите“ секој има впечаток дека свети Августин се користи со негови сопствени зборови, објаснува о. Габриеле Ферлиси, босоног августинец и продолжува, „но тоа го чувствувам и јас. Тоа е затоа што свети Августин зборувал од срце за срце.

Свети Августин како поттик за денешните млади

Свети  Августин е близок до младите на денешницата токму затоа што ја проживеал драмата со потрагата за смислата и Вистината. „Свети Августин ги поттикнува младите на потрага“, потврдува о. Габриеле, „ги повикува да се истрајни, да бидат искрени пред лицето на Вистината и да ја прифатат кога еднаш ќе ја препознаат.“ Барај со желба за да најдеш и наоѓај со желба за да продолжиш да бараш („За Тројството“ IX 1, 1) е една од најзабележителните максими на свети Августин, која и ден денешен поттикнува на непрекинато барање на Бог.

Осмелете се да се искачите кон висините

„Секогаш стремете се кон небесните висини, никогаш не губете храброст“ – тоа е советот на свети Августин, нагласува о. Габиеле и продолжув: „Мотото на свети Августин „Пеј и оди“ го одредува неговиот сопствен начин на делување, а воедно може да биде и совест за нас: никогаш не врти се сам околу себе, насочи се кон висините, биди секогаш отворен за Божјата трансенденција, за Божјото срце.“ Што го покренува свети Августин на преобраќање? Отец Габриеле Ферлиси завршува: „Срцето на свети Августин било допрено од средбата со Христос, која е исполнување на сите желби на човечкото срце. Таа иста средба свети Августин им ја препорачува и на другите.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот