Немирно е срцето наше сѐ додека не се смири во Тебе

Немирно е срцето наше сѐ додека не се смири во Тебе

На 28 август 2017 година Црквата на Запад го слави празникот на еден од најистакнатите латински црковни отци и голем западен црковен научител свети Аврелиј Августин кој е познат и како „doctor gratiae“, односно учител на науката за Божјата благодат.

По тој повод папата Фрањо на Твитер го сподели следниот цитат од духовната автобиографија на свети Августин, „Исповеди“: „Нѐ создаде за себе и немирно е срцето наше сѐ додека не се смири во Тебе.“

За тој светец можеме да кажеме дека неговиот животен пат бил исклучително бурен: од грешник и човек кој робувал на похотите од секаков вид, па и на манихејското суеверие, станал еден од најголемите теолози во историјата, а неговите дела ја обликуваа западната цивилизација. Сето тоа се оставарува со посредство на света Моника, неговата мајка, која полни триесет години трпеливо и упорно се молела за преобраќање на синот, а Бог на крајот ѝ ги услишува нејзините молитвите. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот