Неговото Блаженство Јероним II го посети Папата во Апостолската нунцијатура во Атина

Неговото Блаженство Јероним II го посети Папата во Апостолската нунцијатура во Атина

Во неделата вечерта, 5 декември 2021 година папата Фрањо го прими во куртоазна посета Поглаварот на Грчката православна црква.

Крајот на вториот ден од апостолското патување на папата Фрањо во Грција беше одбележан со братство и дијалог. Во Апостолската нунцијатура во Атина, која стана негов дом за време на неговиот престој во оваа земја, римскиот бискуп го прими архиепископот Атински и на цела Грција, Неговото Блаженство Јероним II. За време на куртоазната посета и средбата на соодветните делегации, која траеше половина час, првите архиереи оставија потписи во Книгата на почесните гости, сведочејќи за нивната искреност и братство.

„Оваа вечер, на 5 декември 2021 година, на празникот Свети Сава, јас и мојата придружба пристигнавме да му се заблагодариме на Папата и на светиот Римски брат Фрањо за неговата посета на Грција. Му честитаме и му посакуваме убав пат. Нека нè благослови Светиот Бог“, напиша во книгата Неговото Блаженство Јероним II, на што римскиот бискуп одговорил:

„Со радост и мир се среќавам со мојот драг брат Јероним II. Му благодарам за братската добрина, благост и трпение. Нека Господ ни даде благодат да продолжиме по овој пат на братство и мир. Му благодарам на неговото блаженство Јероним II што великодушно ни помогна да одиме заедно. Господ нека ги благослови нашите сестрински цркви, а Света Богородица нека ни е на помош“. Средбата заврши со размена на подароци.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот