На Француската држава и пречи споменикот на свети Иван Павле II

Францускиот суд нареди на власите во градот Плоермел да го отстрани споменикот на свети Иван Павле II, бидејќи како што е пресудено, неговото поставување на јавно место ја загрозува секуларноста на државата.

Станува збор за споменик кој е во град во областа Бретанија, поставен 2006 година. Висок е околу 8 метри и го прикажува светиот Папа под лак на кој е поставен крст. Како што пресуди судот во градот Ренес, тој лак и крст, како и големината на споменикот се елемнти кои ги прекршуваат законите со кои се гарантира лаичноста на Француската Република и одвојување на Црквата од државата.

Властите сега имаат шест месеци да го отстранат споменикот од оваа локација. Градоначалникот Патрик Ле Дифон најави дека ќе ги искористи сите правни можности за да го спречи тоа. Додаде и како е свесен дека за судските власти би било доволно да го отстрани лаккот и крстот, но тоа не може да го направи без согласност на уметникот кој го изработи споменикот – грузиецот Зураб Церетели, кој живее и твори во Руската Федерација.

Како што пишуваат медиумите, споменикот е во центар на полемиката од самото негово поставување.

Големата расправа се случи 2010 година кога градските власти го финансираа гравирањето на постаментот од споменикот. Напишана е познатата порака на свети Иван Павле II – „Не плашете се!“ Судот пресуди дека таквото финансирање е противзаконско.

Горан Андријаниќ | Битно нет – Превод: к.мк/го*/ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот