На светот му се потребни свети татковци

(…)Зошто токму татковците би биле тие на кои лежи одговорноста за денешната состојба во светот? Веројатно изворите или одговорноста за проблемите со кои се соочуваат нашите семејства или нашето општество полесно е да се бараат во некому или во нешто надвор од семејството, но одговорите на речиси сите прашања сепак ќе ги пронајдеме овде – во нас самите, во начинот на кој ги живееме своите животни улоги и во која мера во сето тоа соработуваме со Господ.

Иако семејствата денес имаат просечно мал број деца, со што логична последица би требало да биде дека родителите можат повеќе внимание и време да му посветат на секое дете, сведоци сме на спротивен тренд. Мобилните телефони, ДВД, телевизорот или комјутерските игри станаа како еден вид бејбиситери пред кои децата поминуваат часови, а комуникацијата во многу семејства е сведена на минимум. Кафулињата и спортските обложовалници за многу мажи станаа места на кои редовно се оди, додека од друга страна духовниот живот е сведен на минимум, ако воопшто го има. Најчестото оправдание кое може да се слушне е тоа дека мажот (таткото) е „изморен од работа“ и дека „треба малку да се опушти“. Како жената (мајка) цел ден да одмарала и не и треба одмор.

Современите татковци поминуваат низ еден вид криза затоа што никој не ги подготвил за родителската улога. Но, кој се занимава со образованието и воспитанието за родителската улога? Светото Писмо од првите страници нè учи дека татковство не само што својот извор го има во Господ, туку без Господ е невозможно да се живее и да се остварува во полнина.

Најубав пример и врв на човечкото татковство е остварен во свети Јосиф кој покажал на сите современи татковци како се живее татковството и се чува семејството. Не е можно да се остварува и да се живее полнината на бракот, полнината на татковството без живеењето на верата, без молитвата, без редовното пристапување на светите Тајни, без редовното читање на Светото Писмо, без да се учествува во животот на христијанската заедница. Тоа исто како да се обидуваш да изградиш куќа без материјал за градење. Така гледајќи го свети Јосиф доаѓаме до вистинскиот модел на татко и татковство. Татко кој е присутен во семејството. Татко кој во семејството внесува нежност, простување, почит, верност и несебично служење. Татко кој со својот пример ги учи деката на одрекување, исправно расудување, владеење со себе. Татко кој живее интензивен внатрешен живот, човек на тишината. (…)

Самиот Господ на татковците им ја ставил таа улога на срцето – да ги поучуваат своите деца за верата, за Господ и тоа не кога ќе имаат време, туку без прекин, секогаш и во сите животни ситуации. Всушност таквата вера на таткото е најсилниот алат за евангелизација на целото семејство. Колку само ова се разликува од духот на денешниот свет кој татковците ги исклучува од воспитанието на децата, ги одделува од семејството со разни валкани трикови?

Ако татковците не учествуваат во евангелизација на своите деца, туку спротивно од тоа го отежнуваат нивниот духовен раст и созревање, можеме ли воопшто да имаме високи очекувања од новите генерации? Дали сме како свети Јосиф, луѓе на тишината и на длабок внатрешен живот? Дали знаеме заради нашето семејство и посланието кое го имаме да се одвоиме од неважните надворешни работи и да се посветиме на нашето семејство? (…)

Крешимир Милетиќ/Гласник Мира/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот