На празникот Свети првомаченик Стефан епископот Стојанов служеше Литургија во Гевгелија и Богданци

Неговото Високопреосвштенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија на 9 јануари 2016 година ја предводеше светата aрхиерејска Литургија на празникот свети архиѓакон и првомаченик Стефан во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија со сослужение на о. Тома Ангелов и домашниот парох о. Димитар Ташев.

Во преполнета црква и со радост во срцата верниците го пречекаа својот пастир.

Во проповедта владиката до верниците го доближи животот и маченичката смрт смрт на свети Стефан.

Отец.Димитар Ташев во своето кратко обраќање се заблагодари на Господа Бога за преубавиот ден и заедничкото евхаристиско славење, истовремено заблагодарувајќи се и на владиката за добриот и поучен духовен збор, како и за татковската подршка во сите активност што ги прави парохијата околу бегалците и помошта на најпотребните во парохијата.

На крајот следуваше благослов на круните за венчавка поклон од покојниот Ѓорги Стојанов со семејството од Радово за црквата во Гевгелија. Црквата во Бистренци пак доби за подарок црковни посуди, од Ефче од Австралија и нејзината мајка Трајанка Јанева од Гевгелија. Во оваа прилика е искажана и благодарност до дарователите.

Претходно бискупот Стојанов служеше света Литургија во црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот