На празникот Воскресение Христово владиката Стојанов служеше Литургија во Струмица

На празникот Воскресение Христово владиката Стојанов служеше Литургија во Струмица

На празникот Воскрсение Христово – Велигден Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. На светата Литургија претходеше Воскресна утрена во дворот на црквата со процесија околу Црквата.

Во проповедта за време на Литургијата епископот Стојанов истакна: „Дојдени се времињата кога во оваа збунето време секој од нас, секој христијанин би требало да расветли во нова светлина и со својот живот да покаже дека е Христов сведок кој во нас стана тело. На тој начин Велигден е празник на крштението, препородувањето и новиот живот во силата на Светиот Дух, а сето тоа ќе го примиме и во светата Причест – тело и крв Христова во оваа Евхаристија“.

Честитајќи го празникот Воскресение Христово – Велигден владиката Стојанов преку присутните верници ги поздрави и го честиташе празникот и на сите оние кои беа спречени од разни причини да учествуваат на оваа славење. Посебно ги спомна безбедносните, сили, медицинските лица, противпожарните служби и сите оние кои имаат некоја одговорна служба за доброто на сите нас.

За време на Воскресната Литургија пееше Катедралниот хор предводен од с. Тереза Стојкова.

к.мк

Фото: Радио СтрумицаНет

Категорија: Вести, Македонија

За авторот