На Пат за Витлеем: Размислувања во Божиќнот пост

На Пат за Витлеем: Размислувања во Божиќнот пост

Радио Марија започнува со аудио размислувања во текот на Божиќниот пост, како подготовка за празникот Рождество Христово. Пријавувањето е на вибер каналот насловен „На пат за Витлеем“ – информираат од Радио Марија.

На 28 ноември започнува Божиќниот пост, а преку него се подготвуваме да го видиме она што „многу пророци и праведници сакаа да видат … и не видоа, и да чујат … и не чуја“ (Матеј 13,17). Радио Марија ве повикува на пат за Витлеем со 40 размислувања за Раѓањето на Господ Исус Христос, заеднички да одиме и да се приближиме до витлеемската пештера. Но и да го подготвиме нашето срце, ум и дух, целото наше битие, за да биде достојна „пештера“ каде ќе се роди Господ Исус Христос во нас и за нас.

Пријавете се на вибер преку кодот или линкот за да добивате секојдневни аудио размислувања како подготовка за празникот Рождество Христово.

ТУКА МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ  НА ВИБЕР „НА ПАТ ЗА ВИТЛЕЕМ  – РАЗМИСЛУВАЊА ВО БОЖИЌНИОТ ПОСТ“

Или скенирај го кодот преку Вибер апликацијата

Со нетрпение очекуваме да ни се придружите во подготовките за Рождеството на нашиот Господ! – стои во објавата на интернет страницата на Радио Марија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот