На младите слушатели на синодата Папата им подари „Докат“

На младите слушатели на синодата Папата им подари „Докат“

Папата на претставниците на младите на синодата им предаде прирачник за социјалната наука на Црквата вдахновен од најважните папски документи. На 25 октомври синодските оци заедно со младите беа на ходочасти по Via Francigena до гробот на свети Петар.

Во продолжение на 19 Генерална конгрегација на Епископската синода посветена на младите, на 24 октомври попладне, синодските цои продолжија да разговараат за нацртот сѐ уште необјавен, на завршниот документ. Учесниците на конгрегацијата можеа да разговараат и ги предадоа на Секретаријатот на синдодата во пишан облик своите забелешки кои главниот релатор, кардиналот Сержио да Роча заедно со специјалните секретари отец Џакомо Коста и отец Росано Салом на 26 октомври ќе ги вбројат во конечниот текст на документот.

Папата на младите слушатели им го предаде „Докат“

Посебно радосен момент во синодалната сала беше кога папата Фрањо на сите млади слушатели на синодата им подари „Докат“ прирачник за социјалната наука на Црквата вдахновен од најважните папски документи, од енцикликата „Rerum novarum“ на папата Леон XIII до енцикликата „Laudato si“ и апостолскиот поттик „Amoris laetitia“ на папата Фрањо. Станува збор за книга која Светиот Отец силно ја посакуваше; навистина ја нарече „прирачник за познавање, за пат“ водич за општествено ангажирање, креативен и упатен до младите христијани. Со помош на Евангелието – пишува Папата во предговорот – ни помага да се промениме пред сѐ себе, а потоа нашата животна средина, и на крајот целиот свет. Имено со силата на Евангелието можеме навистина да го промениме светот – истакнува Папата.

Ходочастие на синодските оци по патот Via Francigena

Следната, 20 Генерална конгрегација ќе се одржи во петок на 26 октомври попладне, веднаш по состанокот на Комисијата за составувањето на завршниот документ. Учесниците ќе бидат повикани да ги изберат членовите на на XV редовен совет на Епископската синода.

На 25 октомври синодските оци заедно со слушателите и младите од римските парохии, учествуваа на ходочастие до гробот на свети Петар, долг 6 километри, поминувајќи по стариот ходочаснички пат Via Francigena, кој минува од јужната страна на познатата катедрала во Кантербери во Англија, преку Франција и Швајцарија, и стигнува во Италија, кој води до базиликата Свети Петар во Рим и продолжува понатаму на југ до Ерусалим. Тоа е патот по кој уште во IX век трговците превезувале стока и зачини во Европа; вистинска раскрсница на различни култури.

Ходочастието во организација на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација заврши со евхаристиско славење на гробот на свети Петар, во присуство на папата Фрањо, а кое го предводеше кардиналот Лоренцо Балдисери, главен секретар на Епископската синода. За учество во ходочастието се пријавија – како што рече надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација – 300 луѓе: 192 синодски оци, меѓу кои 101 епископ и 9 кардинали, 82 млади слушатели и стручњаци лаици и 100 момчиња и девојки од римските бискупии.

Писмото на синодските оци до младите во целиот свет

На 24 октомври во текот на работата на синодата е претставен нацрт писмото од синодата за младите од целиот свет. Помошниот епископ на Лион Емануел Гобилијард и член на комисијата формирана токму за неговото составување, го прочита предлог писмото во кое сака да го вклучи секој млад човек, давајќи му надеж и охрабрување во сигурноста дека Црквата оди заедно со нив. Потоа изразувајќи благодарност на составувачите на писмото, на 253 синодски оци присутни во салата, предложени се додатоци и измени на нацрт писмото, како и на нацрт завршниот документ за кој е кажано дека во својата структура е хармоничен.

Духовно размислување и делотворни одлуки

Деветнаесетата Генерална конгрегација започна со размислување за делот од Првото Послание на свети Петар, во кое Петар ги поттикнува христијаните пред одлуките да прават духовно размислување, излегувајќи од одредената „заспаност“ во која – е кажано на синодата – изгледа дека денес Црквата се наоѓа. Заради тоа до сите е упатен повикот да го напуштат световниот конформизам, да не дозволат на нив да имаат влијание масовните медиуми или општите мислења кои се како „бомбардирање кое спречува размислување“. Напротив во локалните Цркви треба да се донесат делотворни одлуки, затоа што вистинската синода започнува од 29 октомври, откако ќе завршат работите во синодалната сала. Учесниците на крајот истакнаа дека Првото Послание на свети Петар завршува со двоен поттик упатен до старите и младите, а токму тие се учесници на синодата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот