Денес на градските гробишта Бутел ќе биде погребен монс. Циримотиќ

Денес на градските гробишта Бутел ќе биде погребен монс. Циримотиќ

Денес, 29 октомври 2020 година на градските гробишта Бутел во Скопје во 12.00 часот ќе биде погребен монсињор Антун Циримотиќ. Погребниот обред ќе го предводи монс. Киро Стојанов. Во 18.00 часот во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ ќе се служи задушна света Литургија за упокоение на неговата душа.

Во раните утрински часови на 28 октомври 2020 година, во Скопје премина во домот на Отецот монс. Антун Циримотиќ.

Монсињор Циримотиќ е роден во Јањево на 1 април 1937 година од татко Јосип и мајка Драгица. Ова семејство на Бог и на Црквата му дарува два сина свештеници, Лука и Антун.

Во текот на својата свештеничка служба извршува повеќе значајни служби меѓу кои: Секретар на бискупот Хербут, ректор на бискупската семинарија во Скопје, управител на катедралната црква Пресвето Срце Исусово во Скопје, директор на Македонски Каритас, Директор на Радио Марија Македонија, генерален викар на Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат, духовник на сестрите Евхаристинки. За монсињор е именуван од папата Иван Павле II во 1986 година.

Господ Бог нека го прими во вечното почивалиште, таму каде што почиваат душите на праведните.

к.мк/Фото: Ватикан медија

Почина монсињор Антун Циримотиќ

Категорија: Вести, Македонија

За авторот