На Велики Четврток епископот Стојанов служеше во Струмичката Катедрала

На Велики Четврток епископот Стојанов служеше во Струмичката Катедрала

На Велики Четврток 13 април 2023 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица во заедништво со свештениците од Струмичко – скопската епархија служеше света Василиева Литургија со Вечерна, на која освети миро и го изврши обредот миење нозе.

На почетокот од својата проповед Н.В.П. монс. Киро Стојанов напомена за значењето на Светата Евхаристија со посвета на миро, на која свештениците се собираат околу својот Владика, истакнувајќи дека на овој ден покрај Евхаристијата Господ Исус ја воспостави и Светата Тајна свештенство.

Во продолжение на проповедта епископот Стојанов се осврна на свештеничкото послание истакнувајќи дека свештениците најпрво се повикани да бидат благовесници на Радосната вест и тоа со силата на Светиот Дух.

Кон крајот на проповедта епископот Стојанов покрај честитките до свештениците, им го честита празникот и на сестрите Евхаристинки, кои се посветени посебно да искажуваат почит и обожавање на Исус во Пресветата Евхаристија, а се основани во Солун во 1889 година. Обраќајќи им се верниците кои беа избрани симболично во обредот миење нозе да ги претставуваат апостолите посака да бидат пример во нивната средина и навестители на Божјото Слово.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот