На Велики Четврток во Струмица се служеше света архиерејска Литургија

Струмица, 02.05.2013 /к.мк/ – Велики Четврток е ден кога Исус Христос ги востанови светите Тајни Света Евхаристија и Свештеничко Ракополагање. По тој повод во заедништво со свештенството, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов чиноначалствуваше со свечената Света архиерејска Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

На хомилијата епископот Стојанов говорејќи за свештенството ја истакна големината и важноста на свештеничката служба. Свештениците се повикани да му служат на своето стадо, да бидат вистински пастири. Без стадо нема пастир, но и без пастир нема стадо.

За време на светата Литургија беше осветено и Светото Миро, а обредот миење нозе, на кој Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на дванеаесет верници им ги изми нозете, не враќа во салата на Последната вечера, каде Исус ги мие нозете на своите ученици, оставајќи ни пример како да се служи еден на друг.

Н.В.П. д-р Киро Стојанов им го честита празникот и на чесните сестри Евхаристинки кои се посветени на Пресветата Евхаристија и ги повика на молитва за духовни звања. (с.с.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<