На ватиканскиот плоштад поставена словенечка смрека

На ватиканскиот плоштад поставена словенечка смрека

На плоштадот Свети Петар во Ватикан во понеделник 30 ноември 2020 година е поставена 28 метри висока смрека која после три дена пристигна од Кочевје Словенија.

Керамичките јасли кои овој Божиќ ќе го красат плоштадот Свети Петар сѐ уште не се довршени, а пристигнуваат од општина Кастели од италијанската покраина Терамо познати по керамиката од 16 век.

Покрај смреката со дијаметар од 70 см Владата на Република Словенија обезбеди и 36 помали смреки од 1.5 до 6 метри кои ќе бидат поставени во службените простории на Светиот Престол и во другите простории во Ватикан.

Традиционалната свеченост на палење на светлата на божиќната елка и благословот на јаслите ќе се одржи во петок на 11 декември во 16.30 часот во присуство на кардиналот Џузепе Бертела и епископот Фернанд Вергеза Алзаге, претседател и генерален секретар на Управата на градот-држава Ватикан. Елката и јаслите ќе го красат ватиканскиот плоштад до празникот Крштение Господово, 10 јануари 2021 година.

Утрото на 11 декември папата Фрањо традиционално приватно ќе ја прими делегацијата од општината која оваа година се дарователи на елките и јаслите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот