На Богојавление бискупот Стојанов служеше во Скопската катедрала

На Богојавление бискупот Стојанов служеше во Скопската катедрала

На празникот Богојавление, според грегоријанскиот календар, во среда 6 јануари 2021 година во Скопската катедрала, светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во сослужение на о. Марјан Ристов.

Во таа прилика бискупот Стојанов изврши благослов на водата, а во својата проповед ја истакна големата моќ која ја поседува благословената вода при што се осврна на едно сведоштвото од света Тереза Авилска.

На крајот од светата Литургија верниците си понесоа од благословената вода во своите домови.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот