Најстариот пациент оздравен од коронавирусот е кинескиот бискуп монс. Зу

Најстариот пациент оздравен од коронавирусот е кинескиот бискуп монс. Зу

И покрај длабоката старост и заразеноста од коронавирусот монс. Зу оздраве

Кинескиот бискуп во мирување, монс. Јосеф Зу Баоју (98) од Нанјанг е најстариот пациент излечен од коронавирусот, јави агенцијата Укањуз.

Бискупот Зу е примен во болница во почетокот на февруари, а деновите е отпуштен од болница затоа што белите дробови му се чисти од вирусот. Монсињор Зу за свештеник ракоположен 1957 година, а за бискуп со одобрение на Светиот Престол е хиротонисан тајно во 1995 година. До 2002 година како коадјутор, а до 2010 како ординариј е на чело на бискупијата Нанјанг во провинцијата Хенан. Како припадник на „подземната Црква“ повеќе години има поминато во затвори и работни логори, каде што здравјето му е нарушено и боледува од повеќе хронични болести.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот