Најава: Молитвен маратон – 24 часа молитва света Бројаница

Најава: Молитвен маратон – 24 часа молитва света Бројаница

На 31 октомври 2021 година Радио Марија организира „Молитвен маратон – 24 часа молитва света Бројаница“ со кој ќе заврши Октомвриската побожност. Молитвениот маратон ќе започне во недела на 31 октомври од полноќ.

Поединци, семејства, заедници се повикани да се придружат на молитвениот маратон, молејќи еден час света Бројаница во рамки на 24 часовниот молитвен маратон, избирајќи го часот кој за нив е најсоодветен.

Молитвената накана е за успех на синодата, за престанок на пандемијата со Ковид-19 и за различните потребите на верниците и луѓе во потреби.

Доколку сакате да бидете дел од молитвениот маратон на Радио Марија, пријавете се на телефонскиот број 076/519-272, пишете ни во инбокс на Фејсбук профилот Радио Марија Македонија, или испратете маил на radiomarijablagovest@gmail.com.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот