Најава за празникот Успение на Пресвета Богородица

На празникот Успение на Пресвета Богородица, 28 август со почеток во 10.00 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица во заедништво со монс. Ѓерѓи Дод, Апостолски администратор на Косово.

Во предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, 27 август 2015 година со почеток во 19.00 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала. На празникот Успение на Пресвета Богородица, 28 август, во Нова Маала света Литургија ќе се служи во 07.30 и 09.00 часот.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот