Најава за патрониот празник во Нова Маала

По повод подготвка за патрониот празник на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, во периодот од 25-27 август 2016 година ќе се одржи тридневница.

Во четврток, 25 август 2016 година во 19 часот, Молебен до Пресвета Богородица со духовен говор од о. Спасо Ристов.

Петок, 26 август 2016 година во 19 часот, Молебен до Пресвета Богородица со духовен говор од о. Ванчо Назов

Сабота, 27 август 2016 година во 19 часот, света Архиерејска Литургија, која ќе започне со процесија со стуатуата на света Богородица околу црквата и благослов на новопоставените крст и лустери. Архиерејската Литургија ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх и монс. д-р. Мате Узиниќ, Дубровнички бискуп со присуство на нашите свештеници.

Категорија: Македонија

За авторот