Најава: Епископот Стојанов во Струмица ќе служи света архиерејска Литургија по повод Светскиот ден на болни

Најава: Епископот Стојанов во Струмица ќе служи света архиерејска Литургија по повод Светскиот ден на болни

Епископот Стојанов во Струмичката катедрала ќе служи света Литургија по повод Светскиот ден на болните, а од 10 до 12 февруари во парохијата ќе се моли тродневница во чест на Пресвета Богородица Лурдска.

По повод Светскиот ден на болните и во чест на Пресвета Богородица Лурдска, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх на 13 февруари 2022 година со почеток во 10.30 часот ќе служи Света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица во Струмица.

Од светата архиерејска Литургија Радио Марија ќе врши директен пренос, кој може да се следи на фреквенцијата 106,50 MHz во Струмица, преку интернет страницата www.radiomarija.mk и преку мобилната апликација Радио Марија Македонија, која може да се преземе бесплатно од Play Store.

Во периодот од четврток 10 февруари до сабота 12 февруари 2022 година во Катедралната Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица ќе се моли тродневница во чест на празникот Мајка Божја Лурдска, според следниот распоред.

Четврток, 10 февруари 2022 година – Прв ден од тродневницата

16.00 часот – Света Исповед

16.30 часот – Света Бројаница и Литанија до Пресвета Богородица

17.00 часот – Света Литургија и проповед

Петок, 11 февруари 2022 година – Втор ден од тродневницата

16.00 часот – Света Исповед

16.30 часот – Света Бројаница и Литанија до Пресвета Богородица

17.00 часот – Света Литургија и проповед

Сабота 12 февруари 2022 година – Трет ден од тродневницата

09.30 часот – Света Литургија

15.00 часот – Света Исповед

16.00 часот – Света Бројаница и Литанија до Пресвета Богородица

17:00 часот – Света Литургија и проповед

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот