Најава: Владиката Стојанов за празникот Успение на Пресвета Богородица ќе служи во Струмица и Нова Маала

Најава: Владиката Стојанов за празникот Успение на Пресвета Богородица ќе служи во Струмица и Нова Маала

По повод патрониот празник на Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, на 28 август 2018 година со почеток во 10.30 часот, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епископ Струмичко – скопски ќе служи света Архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија.

Во пресрет на празникот, во понеделник на 27 август 2018 година со почеток во 19.00 часот епикопот Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.

Од овие свети архиерејски Литургии Радио Марија Македoнија ќе врши директен пренос на интернет страната www.radiomarija.mk

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот